The NBags

Рачно изработени чанти и аксесоари.
Дополнете го вашиот стил со елеганција.

Royal Crystal

Оваа компактна вечерна чанта е направена од сјајни, транспарентни кристални монисти што ѝ даваат луксузен и модерен изглед. Со метален синџир за носење преку рамо, таа е совршен додаток за гламурозни настани.

Crystal Elixir

Вистински блескав моден додаток што плени со својот елегантен и гламурозен изглед. Изработена од транспарентни светкави кристали со нијанса што рефлектира светлина на уникатен начин, создавајќи впечаток на леден сјај. Совршен избор за вечерни излегувања, свечени настани.

Pearl Royal

Оваа ташна изработена од елегантни бисерни монисти и метални детали ја истакнува класичната убавина. Нуди софистициран и женствен изглед, совршен за свечени пригоди.

Crystal Blue Elegance

Модерна и впечатлива, оваа ташна е изработена од транспарентни сини кристални монистра кои создаваат луксузен и блескав изглед. Со својата структурирана форма и стилска рачка, ова парче е идеално за вечерни излегувања или настани каде сакате да бидете во центарот на вниманието.

Blue Fantasy

Оваа ташна е вистинско уметничко дело, изработена од монисти во нијанси на сина, виолетова и розова боја, кои создаваат магичен и бајковит ефект. Идеална е за оние што сакаат да внесат живост и уникатност во својот стил.

Bride Nb

Оваа слатка и елегантна мини ташна е совршен пример за нежност и женственост. Изработена од бисерни монистра со рачка од поголеми бисери, дополнително украсена со бела сатенска панделка, оваа ташна е одличен избор за романтични и свечени прилики.

Dark Temptation

Зрачи со елеганција и софистицираност. Темно кафеавите бисери му даваат богат, чоколаден изглед, додека златните детали додаваат луксузен финиш. Совршен за вечерни настани или специјални пригоди.

Bag

Heartbeat Love

Уникатна бисерна ташна со впечатлив црвен срцев дизајн. Малото црно срце како привезок додава контраст и карактер. Оваа ташна е совршена за романтични пригоди или како моден израз на љубов.

Bag

Ruby Glow

Оваа впечатлива ташна е рачно изработена од светкави црвени кристали, кои создаваат елегантна и смела текстура. Нивниот геометриски дизајн ѝ дава модерна и луксузна естетика. Малата големина и стилската рачка ја прават совршена за вечерни излегувања или специјални настани.

Neon Z

Оваа впечатлива ташна е изработена од црни монистри, декорирани со светли неонски детали во форма на буквата „Z“. Има стабилна рачка од истиот материјал, а внатрешноста е доволно пространа за секојдневните неопходности. Идеална е за оние кои сакаат смели модни изјави и оригинален изглед.

Timeless Pearl Heart

Елегантна срцевидна ташна изработена целосно од бели бисери. Со фина сребрена алка, оваа ташна е идеална за свечени настани или свадби. Нежниот бисерен сјај ја прави вистинско уметничко дело.

Petite Elegance

Оваа мини ташна е изработена од бели бисери и има рачка во иста текстура. Идеална за вечерни излегувања, додава класичен и софистициран допир на секој аутфит. Металната плочка со логото „The N Bags“ ѝ дава дополнителна ексклузивност.

Crystal Circle

Елегантна кружна ташна изработена од проѕирни, кристални монистри, дополнета со метална рачка во златен тон. Внатрешната торбичка во нежна, беж нијанса овозможува практичност и заштита на вашите лични предмети. Овој модел додава суптилен луксуз и совршено се вклопува во вечерни, но и во поелегантни дневни комбинации.

Iridescent Mini

Мини ташничка со проѕирни монистри кои рефлектираат иридесцентни тонови, создавајќи префинет сјај на светлина. Има практична, мала рачка и долга ремка за преку рамо, па можете да ја носите на различни начини. Совршена за вечерни излегувања или свечени пригоди кога сакате да оставите впечаток со моден додаток кој блеска.

Pearl Blossom Baskeт

Оваа елегантна кошничка е целосно изработена од бисери, носејќи со себе доза на романтична и ретро естетика. Декорирана со нежни розови цвеќиња, таа е совршен избор за специјални пригоди, како свадби или свечени настани.

Elegance in pearls

Симбол на луксуз и софистицираност. Нежно украсен бисерен елемент, елеганција со дополнителен детал стакло (огледало) совршен за за свечени пригоди. Совршен за љубителите на префинет стил.

Се изработуваат дизајни по нарачка.
За било какви информации можете да ни испратите порака на нашиот инстаграм профил или да исконтактирате преку телефонскиот број.